јан 07 2012

Деди

Промени се случуваат тогаш кога одиме наспроти она кое што порано сме го правеле – Paolo Coelho

Дека многу нешта се смениле овде, на блогерајов, сите знаеме. Промената е потребна, можеби не секогаш добредојдена, но таа ги движи нештата.

“Неки нови клинци” ја отвораат наутро, и ја затвораат навечер продавницава на желби, фантазии, илузии, маски и рецитали, наречена БЛОГЕРАЈ.

Понудата многу поразлична од претходно, нови движења, нови идеи, кавги старонови.

Пазарам во маалска, локална продавница. Знам каде стои секој производ. Но,кога влегувам често во една иста продавница, не сакам производите на рафтовите да ми бидат разместени. Сакам да знам каде можам да ги најдам рабтите кои ми требаат. Реагирам ако кафето е преместено на вториот рафт од лево, насместо каде што секогаш стоело, на првиот од десно. Се чувствувам како гостин.

Но, во таа истата продавница, среќавам исти луѓе, пријатели, познаници. Така знам дека сепак сум во мојата продавница. Колку и да се менуваат нештата во продавницата, луѓето што се движат меѓу рафтовите се оние истите, кои и го даваат духот на продавницата. Точно знам кого ќе сретнам во сабота претпладне, со кога ќе направам муабет, и каков муабет ќе направам.

Едно време, муабетев и овде, во оваа продавница. Сериозни теми, несериозни теми, сеири, поетски муабети. Убави времиња. Заглавував често навечер, со блогот се будев, со блогот си легнував. Ќе се соберевме кај некој, и тргнуваше муабетот.  А се познававме само виртуелно. Подоцна запознав некои од блогерите, но многумина останаа само виртулени блог пријатели.

Повод да седнам и да го напишам овој пост е вестта за смртта на Деди. Ме погоди. Не го познавав лично, но преку неговите постови можев да го доловам неговиот лик и карактер. Беше неуморен. Начнуваше теми кои никогаш не остануваа неискоментирани.  Во периодот кога беше активен овде, го раздвижи блогерајов. Остар на јазик, праведен, со многу знаење. ГОЛЕМ ЧОВЕК. Почивај во мир ГОЛЕМ ЧОВЕКУ.

Со почит,

leonova signature

20 responses so far

дек 30 2011

РОДЕНДЕН НА НАДЕЖТА

И повторно се случува, уште една година си заминува. Некои ќе речат дека летанала, а некои дека била долга и мачна. Оптимистите, ќе останат будни до полноќ, за да се уверат дека навистина дошла Новата, а пак песимистите, исто така ќе останат будни до полноќ, за да се уверат дека оваа, Старава, навистина си заминала.

Прочитав некаде една умна мисла: Не можеме да се вратиме назад и да го започнеме почетокот повторно, но затоа, уште денес можеме да започнеме нов почеток.

И најчесто, новите почетоци ги поврзуваме со Нова Година.

1 јануари, ни доаѓа како роденден на надежта.

Фактот што ќе гледаме во нов календар, не значи само по себе дека гледаме во нов живот. Тој, новиот живот, кој сите го посакуваме во Новата, нема да се случи телепатски.

Што е толку посебно во оваа ноќ? Универзумот нема да направи пауза, Земјата нема да престане да се врти, нема да настане тишина. . .

Но, иако Универзумот нема да застане, Вие, подзастанете на момент. Прочепкајте низ мислите, најдете ја музата на инспирација и желби, и не дозволувајте и на музата на реализација да ве закочи.

Точно пред една година напишав:

Пред нас е исправена 2011, обвиткана во мистерија. Каква ли е?

Онаква каква што ќе си ја направиме. Од самите нас зависи.

А точно пред две години, во предвечерието на 2010, напишав:

Животот продолжува да тече без разлика колку ние се грижиме. Најдете време, подзастанете, и како што вели онаа народната, помирисајте ја ружата.

Научив како да ја ценам тишината,  како да продолжам понатаму, како да ја искористам шансата, како да си најдам причина да бидам среќна, како да правиш ситни работи кои другите ги прават среќни, а да не побараш ништо за возврат, па дури и научив да застанам кога конечно ќе сфатам дека неможе понатаму. Научив како да го живеам животот.

Сега, во предвечерието на 2012, сакам да ви порачам, дека НИШТО НЕ Е НЕВОЗМОЖНО!

nisto_ne_e_nevozmozno

Ви посакувам УБАВА ГОДИНА.

102625776

leonova signature

6 responses so far

авг 06 2011

. . .

Image and video hosting by TinyPic

No responses yet

мар 27 2011

СЕМЕЈНА ФОТОГРАФИЈА

Секое семејство е приказна само за себе. Секое семејство носи со себе сопствена приказна.

Сте размисувале ли некогаш дека моментите кои ги живееме денес остануваат засекогаш зад нас. Некои од нив ги носисме со себе, во мислите, често ги споменуваме, ги прераскажуваме. Многу често сакаме да им ги насликаме на оние околу нас моментите од минатото.

Какво е вашето семејство? Размислете… имате ли некоја убава фотка по дома, на која сте сликани сите заедно, во некои убави, спонтани моменти?

Во светот е вообичаена пракса семејствата да инвестираат во ваквите моменти. Многу семејства го прават тоа еднаш годишно, како еден посебен настан. Сесија на семејно фотографирање.

Не станува збор за фотографирање во студио. Напротив, идеата е да се долови семејната хармонија, а тоа најдобро се прави или во вашиот дом, или пак на отворено, онаму каде што семејството се чувствува најпријатно.

Токму ова ви го нуди Семејна Фотографија и кај нас овде, во Македонија.

Еве што велат тие:

ШТО Е СЕМЕЈНА ФОТОГРАФИЈА

Семејна фотографија е можност да се фотографираат и зачуваат спомените и хармонијата од вашиот живот. Ние ви нудиме лично парче уметност од вас самите, нешто што ќе го дополни вашиот живот, нешто повеќе од обично фотографирање. Ние нудиме можност да ја доловиме емотивната поврзаност на оние кои се сакаат, и да ја раскажеме приказната на еден момент од вашиот живот, опиплива приказна која ќе се раскажува во годините што следат.

Јавете се да се договориме. Ќе дојдеме кај вас дома, но, секогаш постои можност и за фотографирање на отворено, по ваша желба.

Секогаш имаме доволно време за вас, за да не се чувствувате дека работиме нешто набрзина. Секоја детал е битен. Сесиите траат помеѓу 90 до 120 минути, и наликуваат на убава и пријатна дружба. Ги ловиме спонтаните моменти, разговараме, се смееме. Ќе ја врамиме вашата семејна хармонија.

Сесија во вашиот дом

Во едно лично, интимно опкружување, онаму каде што се чувствувате најрелаксирано и спонтано. Ова дава подобра можност за повеќе природни насмевки.

Сесиите во вашиот дом ја имаат привилегијата да го користат вашиот личен стил и декор како позадина на вашите семејни фотографии.

Сесија на отворено

Може да бидат токму онаму каде што ќе посакате. Во парк, во вашиот двор, на некоја многу битна локација за вас, секаде каде што има добро природно светло.

Сесија Посебни моменти

Велат, „Една слика вреди илјада зборови„. Претворете ги зборовите во слика на оние специјални, посебни моменти во вашиот живот. Моменти кои сакате да ги споделите, моменти кога сте вљубени, кога славите живот, кога сакате да подарите уметност.

СЕСИЈА ЗА ИДНИТЕ МАЈКИ

Имаш чувство дека моментот кога бебушот треба да се роди не е толку блиску, и многу си нестрплива, но, и пред да станеш свесна за тоа, готово е со бременоста. Како ќе ги запаметиш си тие волшебни мали детали? Сјајот на твоето лице, постојаната насмевка, начинот на кој сите наоколу те третираат? Портерите на идните мајки се одлична можност да го зачувате волшепството и чудото засекогаш.

Оваа сесија е најдобро да се направи помеѓу 30-36 недела од бременоста.

СЕСИЈА СЕМЕЈНА ФОТОГРАФИЈА СО ВАШИТЕ ДЕЦА

Изразот на лицето и фаците кои ги прават, кога фантазираат, кога лудуваат, кога се срамат. Тоа сакаме да го доловиме. Нивната искрена насмевка, нивниот невин поглед, љубовта и енергијата во семејството.

Можеби деновите ви се чинат долги, но годините брзо летаат. Тоа се моментите на кои ќе сакате да се сеќавате.

Пролетта е на прагот. Искористете ги сончевите денови и врамете ја вашата семејна хармонија.

Семејна фотографија може да ја најдете и на facebook.

2 responses so far

јан 11 2011

ОВДЕ

 

 

Го отворив прозорецот,

ги истуркав остатоците од 2010,

и направив место да ја пречекам свежината на новото…

Подобро да биде подобра!

2010? Како и секоја година. За некого добра, за некого – никогаш повеќе да не се повтори!.

Ми се чини дека не паметам досега, луѓето, толку многу да посакувале да ја пензионираат годината што изминува.

Не сум песимист по природа, напротив, голем оптимист сум. И реалист. А реалистот во мене вели:

Да ги толерирам будалите со поголемо задоволство, само доколку ова не ги поттикне да ми одземаат се’ повеќе и повеќе време. (James Agate).

Пред нас е исправена 2011, обвиткана во мистерија. Каква ли е?

Онаква каква што ќе си ја направиме. Од самите нас зависи.

Гласот на страстта е подобар од гласот на разумот. Оние, нестраствените, неможат да ја сменат историјата. (Czeslaw Milosz)

Да се биде свој, во еден свет кој се труди, дење и ноќе, да те направи било кој, значи да се бие најтешката битката која еден човек може да ја води, и никогаш да не престане да се бори.  -E.E. Cummings.

Бидете свои, бидете едноставни, затоа што:

“Едноставните работи во животот ни помагаат да не полудиме”. – (Ruskin Bond)

За прв пост годинава, одлучив да ве почастам со прекрасна поезија.

Ја открив неодамна. Wislawa Szymborska.  Моќно!

Една од нејзините поеми, објавени неодамна во новата збирка поезија “Here”. (оригиналот е овде, кој има желба може да ја преведе и препее многу подобро од мене)

 

ОВДЕ

 

Не знам за другите места,

но овде, на Земјава, има од се’ по нешто.

Овде се прават столици, тага,

ножици, виолини, нежност, транзистори,

брани, вицови, шољи за чај.

 

Можеби на некое друго место има од се’ повеќе,

но, од некоја причина, таму нема слики,

катодни цевки, кнедли, марамичиња за солзи.

 

Овде, има многу места со убава околина.

Некои од нив, особено ќе ви се допаднат,

именувајте си ги по ваше,

и заштитете ги од злото.

 

Можеби и некаде наоколу има слични места,

но никој не ги смета за убави.

Можеби, како нигде на друго место, или можеби само на неколку,

овде си имаме сопствено тело,

со сите потребни алатки,

да ги додадме нашите деца до децата на останатите.

А покрај тоа, вашите раце, нозе и зачудените глави.

 

Овде незнаењето тешко успева,

постојано се мери, споредува, пребројува,

се носат заклучоци, се решаваат квадратни корени.

 

Знам, знам што мислите.

Ништо овде не е вечно,

бидејќи се’ е во моќта на елементите.

Но, приметете – елементите брзо се заморуваат

и понекогаш им треба долг одмор,

за нареден пат.

 

И знам, што друго си мислите.

Војни, војни, војни.

Но, дури и помеѓу нив се случуваат паузи.

Внимание – луѓето се лоши.

Смирено – луѓето се добри.

Кога внимаваме, создаваме пустелии,

кога сме смирени, со потта на нашите веѓи градиме куќи

и живееме брзо во нив.

 

Животот на земјата станува ефтин.

На пример, за соништата, не плаќате ни паричка.

За илузиите, само кога се изгубени.

За поседување тело – само со телото.

 

И како ова да не е доволно,

па без билети се вртиме на вртелешка околу планетите,

а заедно со нив, повторно без пари, во виулиците на галаксиите,

низ вековите кои се за восхит,

дека ништо овде, на Земјава не може да го згрчи времето.

 

Зошто, погледнете убаво:

масата си стои онаму каде што си стоела

а на масата хартија, токму онака како што била оставена,

низ подотворениот прозорец, малку воздух,

а на ѕидот нема страшна пукнатина,

низ која можеш да бидеш оддуван во небиднина.

 

- Wislawa Szymborska-

 

СРЕЌНА ВИ НОВА 2011 БЛОГЕРИ!

Леонова

 

 

 

3 responses so far

дек 30 2010

Ајде да Играме САЛСА

Во трката низ животот, често забораваме да го цениме она што го имаме, затоа што сме премногу зафатени да ги завршиме сите работи кои сме си ги задале пред себе

А животот е полн со успони и падови, погрешни потези, трикови и замки.

И поминува многу брзо, Ако не застанеме и погледнеме наоколу, може и да го пропуштиме.
Затоа, застанете….и заиграјте!

На сите вам, Ви посакувам многу танцување во животот.

YouTube Preview Image

ps. изгледајте го видеото до крај

9 responses so far

дек 22 2010

Чекајќи го Дедо Мраз

Чекајќи го Дедо Мраз


Waiting for Santaphoto slideshow

5 responses so far

дек 21 2010

Бејби, It’s cold outside

колку да одбележам дека е ладно надвор….

… и да се потпишам овде

YouTube Preview Image

6 responses so far

ное 30 2010

Белешка до моите внуци

До оние кои во моментов ми се плеткаат околу нозете, и до оние кои допрва ќе дојдат….

Поканете се себе си на живот поминат во осознавање, и одберете ги прашањата со кои ќе се водите цел живот. Фантазирајте, сонувајте, визуелизирајте.

Малите сништа не ја исполнуваат душата. Сонувајте големи соништа. Истражете ја магијата на мистеријата која живее во вас.

Новите умови формираат нови можности, а новите можности создаваат нови реалности. Креирајте си ја иднината. Барајте мудрост и поврзаност, Разберете го значењето на „доволно е„

Подзапрете и научете нешто навистина добро. Живејте од внатре кон надвор, Не учествувајте во вашето исчезнување, и секогаш чекорете напред.

Бидете нежни со природата и научете да ја впиете сета убавина која ве опкружува. Убавината ги менува луѓето.

Кажете и ДА на припадноста. Постои песна вткена во универзумот, Земјата, животот, и таа е дел од целото. Самотијата и осаменоста се непознати во мрежата на живеењето.

Пронајдете го вашиот сопствен глас, говорете ја вашата вистина, и одберете верба и надеж пред цинизмот.

Научете се да ги слушате скриените пораки кои лежат во навидум едноставното. Духот и душата најдобро слушаат кога се во мирување. Затоа, подзапрете, славете ја тишината, и слушнете го она што треба да се појави. Длабочината на вашето внимание дава пристап до длабочината на вашиот идентитет.

Одлучете каде сакате да стои вашето име. Вашето име е се’. Вашето име е вашиот идентитет, вашиот интегритет. Потпишете се на невозможното.

Запамтете дека спротивно на гласот, сликите, звуците и пораките кои ве опкружуваат и ве бомбардираат, животот значи:

  • интегритет, а не позиција
  • глас, а не моќ
  • име, а не титула,
  • професијата, а не кариерата
  • наследството, а не успехот.

Знам дека нема да ги научите овие „лекции„ само од фактот дека сум ви ги кажала. Мојата надеж е дека ако ги чувате на некое тивко и мирно место и од време на време, како што растете, се потсетувате на нив,  тие можеби ќе влезат во вашите животи и ќе ве водат низ нив. Тогаш, можеби ќе успеете да ги приметите работите со нови очи.

А тогаш, можеби еден ден, ќе ги извадите овие белешки и ќе им ги предадете на вашите внуци,

Ве сака

Баба

YouTube Preview Image

13 responses so far

ное 23 2010

45 животни лекции

Автор – Regina Brett

  1. Животот не е фер, но сепак е добар.
  2. Кога се двоумиш, направи го следниот мал чекор.
  3. Животот е премногу краток за да го потрошиш мрзејќи некого.
  4. Твојата работа нема да се грижи за тебе кога ќе се разболиш. Пријателите и родителите ќе се грижат. Остани во контакт.
  5. Исплаќај ги ратите од кредитната картичка редовно, секој месец.
  6. Не треба да победиш во секоја расправија, Согласи се дека постојат разлики.
  7. Кога ти се плаче, исплачи се пред некого. Поздраво е отколку да плачеш сама.
  8. ОК е да му се налутиш на Господ. Ќе сфати.
  9. Штеди за пензионерски денови. Почни уште од првата плата.
  10. Кога станува збор за чоколадо, отпорот е залуден.
  11. Помири се со своето минато, за да не ти ја зафркне сегашноста.
  12. Во ред е ако им дозволиш на децата да те видат како плачеш.
  13. Не го споредувај својот живот со другите, Немаш поим која е нивната животна патека.
  14. Ако некоја врска треба да биде тајна, ти не треба да бидеш во неа.
  15. Се’ може да се смени само додека трепнеш со окото. Но, не грижи се, Господ никогаш не трепка.
  16. Вдиши длабоко. Го смирува умот.
  17. Ослободи се од се’ што не е корисно, убаво или забавно. Не ти треба.
  18. Точна е онаа: Што нема да те убие, само ќе те направи појак.
  19. Никогаш не е доцна да имаш среќно детство. Но, она второто, зависи само од тебе и од никој друг.
  20. Кога во животот треба да тргнеш по она што го сакаш, не прифаќај НЕ за одговор.
  21. Запали свеќи, намести убава постелнина, облечи убава долна облека. Не ја чувај за посебни прилики. Денес е посебен ден.
  22. Добро подготви се, а потоа пушти нека те носи водата.
  23. Биди ексцентрична сега. Не чекај да остариш, па да носиш розево.
  24. Најбитниот сексуален орган е мозокот.
  25. Никој не е одговорен за твојата среќа освен ти самата.
  26. За секоја работа која сметаш дека е лоша, запрашај се: Ќе биде ли ова битно по 5 години?’
  27. Секогаш одбери живот.
  28. Прости им се’ на сите.
  29. Што мислат другите за тебе, не е твоја работа.
  30. Времето лечи скоро се’. Дај му време на времето.
  31. Колку и некоја ситуација да е добра или лоша, ќе се смени.
  32. Не се сфаќај себе си премногу сериозно. Никој не те сфаќа така.
  33. Верувај во чуда.
  34. Господ те сака затоа што Господ е таков, а не заради нешто што си го направила или не си го направила.
  35. Не го суди животот. Појави се и искористи го најмногу што можеш.
  36. Стареењето ја победува алтернативата – да се умре млад.
  37. Твоите деца имаат само едно детство.
  38. На крајот, она што е важно, е љубовта.
  39. Излегувај секој ден. Чуда се случуваат насекаде.
  40. Ако сите ги ставиме своите проблеми на еден куп, кога ќе ги видиме туѓите, ќе си ги грабнеме нашите назад.
  41. Зависта е губење време. Веќе имаш се’ што ти треба.
  42. Најдоброто допрва ќе дојде.
  43. Без разлика како се чувствуваш, стани, облечи се, и појави се.
  44. Давај.
  45. Животот не е спакуван со машна, но сепак е подарок.

18 responses so far

Next »